Стакло
Рамно стакло флот
Рамното стакло има најголема употреба во градежништвото. Се користи за производство на термоизолирачки пакети, се ламинира, кали и обработува.
Располагаме со стандардни дебелини од 2мм,3мм,4мм,6мм,8мм,10мм.
Стандардните големини се 3210x2250mm и 3210x2400mm
Орнаментно стакло
Орнаментните стакла се пред се декоративни стакла со различни геометриски форми или други класични дизајни. Нивната транспарентност зависи од структурата и дизајнот што ги прави идеални за различни декоративни апликации по вкус на клиентот. Може да се употребува самостојно со дебелина од 4мм, но и како дел од термоизолирачки пакет.
Располагаме со стандардна дебелина од 4мм
Видови:делта, песок, пунто, ролетна, крезе, атлантик
Фасадно стакло, стоп сол
Стопсолите се фасадни, рефлектни стакла кои нудат приватност и визуелен ефект. Може да се употребува единечно или во комбинација со други стакла во термоизолациски пакет, при што важно е дека овие стакла немаат ефект како стаклата со ниска емисија или висока енергија.
Располагаме со 4 бои на стопсоли и тоа зелена, сина, бронзена и сива боја со дебелина од 4мм.
Огледало
Огледалата се идеален додаток на секој модерен ентериер. Благодарејки на својствата го зголемуваат протокот на светлина и даваат чувство на пространост и обем посебно во тесните простории.
Располагаме со огледала со 3 и 4 мм дебелина кои може да се обработуваат по желба на клиентот.
Ламинирано памплекс стакло
Ламинираните стакла пред се се сигурносни стакла кои се составени од споени две или повеке стакла со ЕВА фолија меѓу нив. Може да се најдат со различни дебелини и различен степен на транспарентност и бои.
Располагаме со дебелини 3+3, 4+4 , 5+5
Огненоотпорно стакло
Керамичкото стакло со кое располагаме е огненоотпорно проѕирно стакло со дебелина од 4мм. Просечната издржливост на ова стакло е 700 ° C и се употребува за сите видови на камини и печки.
Лакобели
Лакобелите се едни од најпопуларнитестакла на светскиот пазар кои всуштност се непровидни стакла со фабрички печена фолија која е далеку поотпорна на оштетување од фарбаните стакла . Се употребуваат како облога на ѕидни површини, во лизгачки плакари, како стакло за зашатита на мебел и многу други декоративни примени.
Ние располагаме со лакобели со дебелина 4мм во црна, црвена и екстра бела боја.
4сезонско
Clima guard solar обезбедува совршена симбиоза мегу достапноста на пружената светлина и свежината во просторијата поради високиот степен на рефлексија на сончевата енергија до 67%. Тоа е всушност предноста на ова 4 сезонско стакло, односно оржувањето на оптималната температура во просторијата без разлика на временските услови во природата.
Термопани
Термоизолирачкиот стакло пакет составен од 2 или 3 стакла раздвоени со алуминиумски дистанцер во затворен простор кој содржи воздух или некој гас по избор на клиентот.Стаклата кои што се користат при производство на термоизолирачки стаклен пакет се со дебелина најчесто 4мм а по потреба или по барање на клиентот употребуваат и подебели стакла. ПОстојат различни варијации при изборот на термопан, почнувајки од дебелината на стаклата, дебелината на стакло пакетот па се до бараните изолициски карактеристики и визуелниот ефент.